Не повеќе од она што пациентите го посакуваа, не помалку од она што на пациентите им беше потребно.
Vatech 3D Smart е најсовремениот 3D компјутерски томограф кој го ставаме на располагање за сите пациенти од Источниот и Североисточниот регион на Македонија.
Апаратот овозможува и комплетна 2D панорама и 3D компјутерска томографија со едно снимање, без непотребно зрачење на пациентот и со цел за поточна дијагноза.
Воедно, 3D снимката е далеку подобра од постарите компјутерски томографи, затоа што користи иновативна compressed sensing технологија за реконструкција на сликата.
Иновативното видно поле (FoV) овозможува добивање снимки во облик на лак, односно поширок поглед на забалото во споредба со други компјутерски томографи.
Ова особено доаѓа до израз кога се импактирани задните катници, овозможувајќи му на стоматологот комплетна дијагностика на целото забало.