За нас

За нас

Приватна здравствена установа ‘Стомадент’ е формирана во 2008 год.

Овозможувањето на пристап до квалитетна здравствена заштите за сите граѓани на општина Пробиштип и Р. Македонија, беше основен мотив при формирањето на ПЗУ Стoмадент. За сите овие години на постоење на ПЗУ Стомадент, квалитетот пристапноста и секако стремењето кон уште поголемо усовршување, се основните мотиви при нашата работа.

Нашиот тим

Др. Александар Станојковски
Доктор по општа стоматологија

Д-р Александар се води по еден основен принцип, a тоа е нудење квалитет и пристапност, како и стремеж кон уште поголемо усовршување.
За тоа зборува фактот дека д-р Станојковски, веднаш по неговото дипломирање на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 2007 год, благодарение на неговите амбиции и стручност, во 2008 год. ја основа приватната здравствена установа Стомадент.
Во тек на овие 12 години работа, д-р Станојковски континуирано вложува во своето стручно доусовршување, преку посетa на домашни и меѓународни конгреси и симпозиуми, како и својата специјализација за протетика, која е во тек.

Др. Ана Радевска Даневска
Доктор по општа стоматологија

Д-р Ана дипломира на Стоматолошкиот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје во 2012 година и се стекнува со звањето доктор по дентална медицина.
Државен испит полага во 2014 година и од тогаш работи како доктор по општа стоматологија.
Таа е дел од тимот на Стомадент веќе 1 година, а поле на интерес ѝ е естетската стоматологија.
Течно зборува англиски и германски јазик.

Клара Пешовска
Медицинска сестра

Силно препорачувам

Младешки ентузијазам, вештина и знаење!!! Голема благодарност до Др. Станојковски.

Љубчо Трајчев

Задоволни пациенти

ФЗОМ

Нашата ординација има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија