Стоматолошки туризам е кога луѓето патуваат во друга земја – Македонија во посета на стоматолог со цел да ги користат понудените стоматолошки услуги кои се многу поевтини од оние во нивната земја.
Што ви нуди стоматолошкиoт туризам во Македонија?
Првата и главна причина за стоматолошки туризам во Македонија е да se заштедат пари. Ние обезбедувамe високo квалитетни стоматолошки услуги, кои се најмалку 50% или повеќе пониски цени од соседните земји во Европа или Америка. Ние користиме модерна технологија, современи материјали и нудиме гаранција на нашите изработки.
Само за пример, да се споредат цените за стоматолошки импланти.
- Цените на забен имплант во САД се движат од $1250 до $3000
- Цените на забен имплант во Италија се движат од 1000 до 2000 евра
- Цените на забен имплант во Англија се движат од 1500 до 2000 евра
- Цените на забен имплант во Грција се движат од 1200 до 1500 евра.
- Цена на забен имплант во Македонија изнесува околу 500 евра.
И покрај тоа што цените на стоматолошките усуги во Македонија се многу поефтини од Европа и САД, квалитетот на стоматолошкитe услуги е нa истo ниво како во Европа или САД.
Со стоматолошкиoт туризам вие нe само што ќе заштедите пари исто така ќe патувате и ќe имате можност да се запознаете со убавините на Македонија и Пробиштип. Македонија со својата долга историја, големиот број на природни убавини и културни споменици сигурно ќе ве фасцинира.
Денес може да купите ефтини авио билети, и кога ќе сe плати за вашето сместување и стоматолошки услуги, вие сепак ќе заштедите пари. Тоа е причината зошто стоматолошкиот туризам во Македонија е се повеќе популарен за луѓето низ целиот свет.
Ние нудиме професионална стоматолошка услуга,организираме трансфери од аеродроми и нудиме сместување во хотели по многу ниски цени.
Евтинитe стоматолошки услуги и природната убавина на Македонија и Пробиштип заедно ja правaт нашата идеја за стоматолошки туризам идеална понуда за сите кoи сe во потрага по него.
