10 стоматолошки трендови во новата 2021 година

МОДЕРМ МАРКЕТИНГ, како агенција специјализирана за медицински и фармацевтски маркетинг, се смета одговорна да биде постојано во тек со најновите трендови во стоматологијата и она што тие потенцијално би значеле за клиентите. 2020 е речиси на самиот крај и со новата година (и новата деценија) веќе на повидок, време е заедно да прегледаме само 10 од современите трендови во стоматологијата, поточно оние кои би можеле да се применат и кај нас.

0. Пандемијата COVID-19 и нејзиниот импакт врз стоматологијата

Пред да преминеме на трендовите, да позборуваме малку за прашањето кое најмногу ги засегна сите здравствени работници во веќе изминатата 2020 година: пандемијата COVID-19. Иако сепак беа заболени релативно мал број стоматолози, како и да е финансискиот удар беше значаен и веројатно ќе продолжи и во 2021.

Според податоците на МОДЕРМ, граѓаните во 2020 потрошиле 38% помалку за стоматолошки услуги во споредба со 2019 и очекуваат пад од дополнителни 20% во 2021. Иако беше најавена вакцина, овој процес кај нас веројатно ќе се одолговлече сѐ до средината од 2021.

1. Создавање и одржување доверба

Довербата во здравствените работници често зависи од политиката и политичарите. Стоматолозите мора да воспостават доверба кај пациентите и да ја одржуваат со тек на времето. Без доверба, стоматолозите не можат да привлечат нови пациенти и имајќи го во предвид погорниот факт за очекувано намалување на побарувачката за стоматолошки услуги во првата половина од 2021 година, привлекувањето нови пациенти е всушност вистинскиот предизвик за стоматолозите во 2021.

2. Подигнување на нивото на здравствена култура

Сликата ги прикажува најчестите причини зошто пациентите избегнуваат посета на стоматолог. Една од причините исто така би можела да биде и безбедноста од COVID-19.

Дел од стратегијата за привлекување нови потенцијални пациенти задолжително треба да бидат начини да се демонстрира експертизата и да се влее доверба преку видеа, блогови и други едукативни содржини кои ќе ги информираат пациентите што да очекуваат акого изберат СТОМАДЕНТ. Иновативна и издржана маркетинг кампања со стручна содржина може да помогне повторно да се стапи во контакт со пациентите кои подолго време не биле на контрола и да привлече нови. Најдобрата комбинација е вебсајт со динамичка содржина (блог) и маркетинг на социјалните мрежи.

3. Достапност и погодност

Во стоматологијата ова на пример може да значи портал кој овозможува online закажување, поставување прашања или оставање рецензија за извршените услуги – погледнете на следниов линк.

4. Употреба на 3D печатење во стоматологијата

Ова е растечки тренд во сите индустрии, не само во стоматологијата. 3D печатењето користи иновативни материјали, како на пример смоли и го скратува времето потребно за изработка на протези, коронки итн. Со 3D печатење, овие помагала може да се изработат за време мерено во минути наместо во денови или недели. 3D печатењето може да се користи во сите аспекти на општата стоматологија, имплантологијата, протетиката па дури и за изработка на специјални помагала за помош кај пациенти кои имаат проблем со ‘рчење или апнеа во тек на спиење.

Смолата е погодна за стоматолошката пракса бидејќи:

  • Има одличен финиш со можност за најситни детали
  • Има потенцијал како за краткотрајни, така и за долготрајни стоматолошки решенија

5. Присуство на социјалните мрежи

Користете го Facebook на вистински начин:

Најголемиот предизвик за стоматолошките ординации е дека ако сакаат објавите да бидат видени, треба да se спонзорираат. Но, со правилна аналитика и таргетирање, како и избор на вистинската содржина и вистинскиот начин за спонзорирање може да се минимизира Facebook маркетинг буџетот, а сепак да се постигнат забележливи резултати.

Користење на приказни (stories)

Сѐ повеќе стоматолошки ординации ги користат Facebook и Instagram Stories за поврзување со целната публика. Користете ги приказните (stories) за најави, промоции или кратки информации кои не треба да останат на профилот или страницата засекогаш.

6. Фокус на пациентите

Обидете се со некоја од следниве идеи:

  • Поставете телевизор или видео монитор во чекалната, каде ќе се емитуваат забавни или поучни содржини за пациентите од сите возрасти
  • Направете катче за деца
  • Воведете масажа или козметички третман како дополнителна, бесплатна услуга

7. Емотивна стоматологија

Повеќето стоматолошки ординации, исто како СТОМАДЕНТ, го фокусираат маркетингот на насмевките, со причина. Емотивно сме врзани за насмевките. Кога не сакаме да покажеме како ни изгледаат забите, не се изразуваме доволно добро и поретко се насмевнуваме. Постојат нови софтвери кои може на пациентите да им покажат како ќе им изгледа насмевката откако ќе се поправат забите кои имаат потреба за тоа.

8. Ласерска технологија

Еден од највозбудливите трендови во стоматологијата е подемот на ласерската технологија. Пред ласерската стоматологија, рутинските процедури како третман на џебови или поправка на оштетени непца бараше инвазивни и често пати болни третмани.

Ласерската стоматологија може да ги елиминира џебовите без или со сосем малку болка. Исто така може да ги убие бактериите во џебовите, со што се елиминираат потенцијалните компликации и губењето на забот.

Предности на ласерската технологија

  • намалена потреба од шиење со конци
  • помалку крварење
  • без или со сосем малку болка
  • помал ризик од инфекции
  • побрзо зараснување

9. Инфлуенсери

Инфлуенсерите се тренд во естетската стоматологија кој нуди нов начин за поврзување со пациентите на социјалните мрежи.

Еве неколку бројки и податоци за потенцијалната помош која може да ја дадат инфлуенсерите:

  • 49% од потрошувачите очекуваат препораки за производи и услуги од страна на инфлуенсерите
  • маркетингот преку инфлуенсери има фантастичен поврат на инвестицијата (ROI), при што просечна кампања заработува повеќе од 6 пати во споредба со вложеното
  • инфлуенсерите се попопуларни од печатените реклами
  • 57% од сите брендови за убавина и здравје користат инфлуенсери

Клучно е да се избере вистинскиот инфлуенсер кој ќе се обрати на целната публика. Општо, тоа би требало да е некој што има познавања од стоматологијата, кој има висок број следбеници и ужива голема доверба меѓу нив.

10. Групирање и окрупнување на ординациите

Нов, штотуку дипломиран стоматолог со положен државен испит има потреба од премногу средства за да отвори нова ординација. Доколку на тоа се додадат трошоците за кирија, одржување на опремата и плати за персоналот – годишните суми стануваат астрономски.

Овде доаѓа на сцена групирањето и окрупнувањето во стоматологијата.

Поврзувањето во поликлиники со други стоматолози, матични лекари, специјалисти, лаборатории и аптеки може да привлече нови пациенти и да пружи комплетна услуга со најсовремена опрема.

Категории
Архиви

2 days ago

Стомадент
🌟 Вовед во иднината на стоматолошката слика во Стомадент: компјутерскиот томограф Vatech🦷Во Стомадент го олеснуваме животот на нашите пациенти со најновата технологија за стоматолошка дијагностика. Нашата стоматолошка ординација е опремена со Vatech компјутеризиран томограф, најсовремен уред кој поставува нови стандарди во стоматолошкото снимање.🖥️Зошто да го изберете Vatech за вашата стоматолошка снимка?☑️Иновативен систем 3-во-1: Добијте сеопфатна дијагностика детална 3D слика, панорамски и цефалометриски способности - сите во еден уред.☑️1 скенирање, 2 слики: нашиот Vatech нуди неспоредлива ефикасност. ☑️Едно брзо скенирање обезбедува и КТ слика и слика за автоматска панорама, намалувајќи ја потребата за повеќекратно снимање.🖥️Висок квалитет на сликата: доживејте јасност како никогаш досега со SMART технологија на 2D и 3D формати, со детални слики кои го подобруваат планирањето на дијагнозата и третманот,обезбедувајќи да добиете најефективна нега.💻Зајакнете го вашето дентално здравје со напредна дијагностика🦷Правилната дијагноза е првиот чекор кон ефективен третман. Со Vatech, ние сме опремени да ви обезбедиме најточна, сеопфатна стоматолошка снимка.Без разлика дали ви треба панорамски приказ, детална 3D слика или цефалометриска анализа, ние ве покриваме.⏰Закажете ја вашата компјутерска томографија денес во Стомадент и искусете го следното ниво на стоматолошка дијагностичка грижа. Вашето здравје, безбедност и удобност се наши врвни приоритети.Резервирајте на:☎️ +389 70 322 264🌐www.stomadent.mk ... See More | Види повеќеSee Less | Види помалку
View on | Погледни на | Facebook